Масовното иселување на младите во странство стана еден од големите проблеми на Хрватска. Тамошните работодавци имаат големи проблеми поради недостатокот од работна рака, а тоа веќе не е проблем само во текот на летната сезона и само во крајбрежните места. Дури и во Загреб оваа година можеше јасно да се види дека многу дуќани беа затворени поради недостаток од работници.
Уште полоша е ситуацијата во селата, каде и инаку се губи битката со градовите кога станува збор за избор на младите каде да продолжат да живеат.
Но, има и убави примери. Така, една мала општина во Славонија овие денови е во фокусот на вниманието на хрватските медиуми поради планот за задржување на младите. Општината Магаденовац решила да го субвенционира купувањето на недвижнини и уредувањето за младите фамилии кои за возврат ќе треба да се обврзат да останат во местото барем во следните десет години.
Според договорите, општината ќе им го кофинансира купувањето на градежно земјиште или станбен објект и реконструкцијата и адаптацијата на станбениот простор на подрачјето на општината.
Така, Јосип Мариќ од Шљивошевци и Маја Штрауб од Лациќи добиле по 30.000 куни (околу 4.000 евра) за купување недвижнини. Други лица, пак, добиле неповратни 15.000 куни за адаптација на
простор.