Во Хрватска традиционално се одржува избор за најдобар нов хрватски збор. Годинава овој натпревар се одржува на 11 март, а неодамна беа претставени зборовите што влегле во потесниот круг. Меѓу нив има поими како „znojilište“, „prikaznik“ и „dimodojavnik“. Може да претпоставите што значат овие зборови?
Списанието „Језик“ и здружението „Д-р Иван Шретер“ објавиле 15 збора кои влегле во потесниот круг за избор на најдобар нов хрватски збор, а оваа награда ќе ја освојат три нови предлози. Во натпреварот биле пријавени дури 538 предлози за нови зборови. Во продолжение се финалистите.
1. Bakroza - Вилсонова болест;
2. Dimodojavnik - детектор на чад;
3. Izazor - ретровизор;
4. Javnozborac/javnozborstvo - јавни односи (ПР);
5. Krugotok - кружен тек;
6. Obrubnik - лајсна;
7. Odricajnica - изјава за одрекување од одговорност;
8. Otpadalište - депонија;
9. Prestrujnik - адаптер за струја;
10. Pridatak - приклучок;
11. Prijevodnici - превод (титлови);
12. Prikaznik - дисплеј, екран;
13. Šećerice - билки од кои се произведува шеќер;
14. Zaključaj - затворање, локдаун (lockdown);
15. Znojilište - сауна.
Авторот на победничкиот збор ќе биде награден со 600 евра, второпласираниот ќе добие 400 евра, а третопласираниот учесник ќе добие 200 евра. Изборот на нов збор е годишна традиција и дел од одбележувањето на Денот на хрватскиот јазик.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay