X
 18.11.2019 Образование

На ФЕИТ презентација на радар за детекција на мини

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе презентира резултати од проектот „Радар за продирање во земја интегриран со хексакоптер за автоматска детекција на мини“.

Презентацијата ќе се одржи во Центарот за трансфер на иновации и технологии ИНОФЕИТ, по што ќе има практично демонстрирање во дворот на факултетот.

Од ФЕИТ најавија дека на настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, и професор д-р Венцеслав Кафеџиски, раководител на проектот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование