X
 17.11.2022 Живот

Студентски оброк број 13: Тортиља со туна и авокадо

Тринаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е тортиља со туна и авокадо.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.



Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
- 1 авокадо
- 1 туна конзерва
- 1 голема лажица мајонез
- 2 тортиљи

Подготовка: Најпрво исечете го авокадото на ситни парчиња, па нанесете го на тортиљата.
Во посебен сад ставете ја туната и лажица мајонез, a потоа промешајте. Откако ќе ја добиете смесата, ја нанесувате врз насечканото авокадо. По желба се додава црн бибер.
Ја виткаме во вид на ролат и потоа ја ставаме во тава на тивко да се испече убаво и од долната и од горната страна. На крај ja сечете на две половини и послужувате.
Време за подготовка: 5 мин.

Нека ви е слатко!

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот