Четвртиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е еден интересен оброк.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот.
- 1 парче пилешки стек
- 50 г брокула
- 1 пакетче нудли
- Сусам
Зачини:
Соја, сол и мешавината зачини од нудлите.
Подготовка: Најпрво се става брокулата во тенџерче да се свари. По 10/15 минути се процедува водата и се трга настрана. Пилешкото се сечка на коцки и се пропржува на малку масло. Се додаваат зачини по желба (во видеото ставив сол и зачинот од нудлите). Откако ќе се пропржи пилешкото, се става брокулата и заедно се пропржуваат. Една кафена лажичка сусам и една супена лажица соја-сос. Нудлите се варат во посебно тенџере. Откако ќе се сварат, можат да се сервираат. Се ставаат нудлите, па врз нив се става пилешкото со брокулата.
Добар апетит!
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.