X
 15.11.2022 Живот

Студентски оброк број 10: Брз супер колач

Десеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е брз супер колач.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.


Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:

- 250 г чоколадо за готвење
- 100 г путер за готвење
- 3 до 4 јајца и
- 100 г шеќер

Постапка: Одвојте ги белките настрана и потоа изматете ги заедно со шеќерот. Чоколадото се топи настрана и се остава да се излади. Потоа ги миксирате жолчките заедно со чоколадото, па ги соединувате двете смеси. Ставате во соодветен калап за печење на температура од 180 степени, 15/20 минути, во зависност од вашиот уред за печење. Одгоре по желба може да се премачка со што било што ви е на располагање. Овој супер колач, или топло-ладно колач, во зимскиве денови буди топли емоции во вас.

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот