„Фејсбук“ не е веќе онаа кул платформа како што беше во 2008 година. Но, не сите можат да се откажат од оваа социјална мрежа и да го избришат профилот. Некои луѓе имаат премногу пријатели и поврзувања со луѓе, како и фотографии што не сакаат да ги загубат.
Но, за среќа, има начин на кој може да се направат двете нешта:
- Логирајте се на „Фејсбук“. Не гледајте што има на почетната, туку одете директно во поставките.
- Кликнете на „Твоите информации на Фејсбук“.
- Кај делот „Преземи ги своите информации“, кликнете на „Прегледај“.
Таму можете да си селектирате што сакате да снимите во вашиот компјутер, а и да го изберете форматот (препорачливо е да изберете JSON) и квалитетот на она што ќе го преземате. Потоа кликнете на „Креирај фајл“ (Create file) и почекајте.
Фото: The Next Web
На овој начин можете да ги зачувате сите фотографии што ги имате на вашиот профил, како и вашите контакти. Е сега, нема да имате фотографија покрај името и презимето на вашиот пријател, но ако не знаете како изгледа, за жал, не ви бил пријател.
Фото: The Next Web
Откако ќе завршите со оваа
процедура, можете да го избришете профилот на „Фејсбук“.
- Одете во поставките.
- Кликнете на „Твоите информации на Фејсбук“.
- Во полето „Избриши го профилот и информациите“ кликнете на „Прегледај“.
- Кликнете на „Избриши ја сметката“.
Фото: The Next Web