Марк Закерберг, главен извршен директор на „Фејсбук“, открил дека компанијата развила паметни очила минатата година. Од четвртокот, очилата, кои се произведени под брендот „реј-бан“, се достапни за продажба во некои продавници во САД, Обединетото Кралство, Канада, Италија, Ирска и Австралија.
Очилата може да прават фотографии и видеа во времетраење од 30 секунди. Со нив може и да се слуша музика и да се вршат повици. Очилата може да се управуваат и со гласовни команди, без користење на рацете. Батеријата им трае шест часа, а со нив не може да се користи „Фејсбук“, да се пазари или да се играат игри.
Овие паметни очила се достапни за почетна цена од 299 долари.
Тие немаат ефекти за аугментирана реалност, но ја придвижуваат компанијата кон таа цел. Закерберг зборувал за иднина во која очилата со аугментирана реалност ќе овозможат холограми или користење на социјалните мрежи без гледање во телефон.
„Гугл“, „Снеп“ и „Амазон“ претставија паметни очила претходно, но ниту еден од тие производи не стана многу популарен. Сепак, аналитичарите сметаат дека продажбата на паметни очила ќе се зголеми во иднина, очекувајќи да се продадат над 22 милиона очила до 2030 година.
Извор:
Cnet
Фото:
Facebook/Printscreen