X
 08.06.2015 Култура

Гратчето каде нема невработеност, криминал и сиромаштија

Во еден шпански град нема полиција, нема криминал и нема невработеност. Градот се опишува како демократска и социјалистичка утопија. Невработеноста навистина не постои во Мариналеда, андалузиско село во јужниот дел од Шпанија кој напредува благодарејќи на своето земјоделство.


На прв поглед, градот не се разликува од другите во регионот. Местото е мирно, убаво и типично за сите оние на југот од земјата. Toa е и демократско и антикапиталистичко гратче кадешто градоначалникот ограбрува неплаќање во супермаркет.

Од финансиската криза во 2008 година, Мариналеда стана светски познато по својот градоначалник Хуан Мануел Санчез Гордило, кој е нарекуван „шпански Робин Худ“. Имено, тој организирал носење храна од супермаркетите до јавно место кадешто секој можел да се послужи. Тој сакал на тој начин да им помогне на сиромашните кои немале доволно пари за прехранување.


Во Мариналеда, секој кој сака да изгради сопствена куќа може да го стори тоа бесплатно бидејќи за сите се достапни бесплатни материјали и симболична цена на плацеви. Така, семејствата плаќаат само 15 евра месечно под услов да не ја продаваат куќата.


Во Андалузија, невработеноста изнесува 37%, но во Мариналеда нема невработеност. Сите жители во гратчето заработуваат еднаква плата - 1.200 евра месечно.


Мариналеда претставува доказ дека треба одново да размислиме за нашите вредности и општеството.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура