До 2026 година кандидатите за студии на американскиот универзитет „Харвард“ нема да мора да ги полагаат стандардните приемни тестови САТ и АЦТ.
Стандардните тестови не се задолжителни на универзитетот од минатата година поради пандемијата, но сега оваа институција ја продолжува практиката до 2026 година. Во САД повеќе универзитети не бараат резултати од стандардните тестови од кандидатите бидејќи многу студенти не можеле да стигнат на тестирањето поради пандемијата.
Во 2021 година 1,5 милион лица го полагале тестот САТ, а 1,3 милион го полагале тестот АЦТ. Во 2020 година 2,2 милиона лица го полагале САТ, а 1,7 милион го полагале АЦТ.
Фото: Pixabay
Известувањето од „Харвард“ покажува дека универзитетите во САД можеби ќе ги оценуваат кандидатите поинаку од порано. Сега „Харвард“ бара студентите да испратат какви било материјали за кои сметаат дека ќе ги докажат нивните достигнувања и способности.
Кандидатите што сакаат да ги испратат резултатите од стандардните тестови може да го сторат тоа, но тие се само еден од повеќе фактори што ќе бидат земени предвид при одлуката за прием на универзитетот, изјавиле од „Харвард“.
Извор:
Insider
Фото: Pixabay