X
 18.12.2023 Култура

Бурни реакции за последните епизоди на „Круната“

Од 14 декември на „Нетфликс“ е достапен вториот дел од шестата сезона на серијата „Круната“. Овој дел се фокусира на настаните што се случувале во англиското кралско семејство по смртта на принцезата Дијана.

Првата епизода прикажува напнат разговор помеѓу таткото и синот кога принцот Вилијам го посетува Виндзор. Сцената предизвика бурни реакции бидејќи Вилијам директно го обвинува Чарлс за смртта на Дијана.

Чарлс го прашува зошто е лут на него, на што тврдоглавиот тинејџер прво негира, а потоа му вели  дека тој никогаш не зборува за принцезата Дијана.

- Зошто мислиш дека не сакам да зборувам за неа? - го прашува Чарлс.

- Можеби затоа што не сакаш да се потсетуваш како дојдовме до оваа ситуација - му одговара Вилијам и додава:

- Зарем не мислиш дека постои врска помеѓу тоа каде сме сите сега и твојата улога во тоа?

Чарлс, видно згрозен од обвинението, вели дека смртта на неговата поранешна сопруга била страшна трагедија предизвикана од неодговорен човек кој бил пијан, а потоа седнал зад воланот на автомобилот и возел пребрзо за да се оддалечи од фотографите.

Вилијам потоа продолжува, нагласувајќи го фактот дека Дијана била во Париз без никаква кралска заштита, на што неговиот татко вели дека тоа не било така поради него.

Младиот принц вели дека Дијана никогаш не требало да биде во близина на семејството Фајед.

- Требаше да биде на безбедно, со нас, а фактот дека не беше е твоја вина. Знам дека ти не го возеше автомобилот, но ти ја однесе до она што ѝ се случи. Ти ја направи несреќна. Сакаше друга - додава Вилијам.

Последните шест епизоди од серијата „Круната“, кои беа објавени неодамна, со месеци предизвикуваат контроверзии, а ретко кој останува рамнодушен на нив.

 

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура