X
 29.07.2019 Живот

Ејч-би-о: Нема планови за преснимање на осмата сезона на „Игра на троновите“

Последната сезона на „Игра на троновите“ ѝ помогна на мрежата Ејч-би-о да добие рекорден број на номинации за „Еми“. Исто така, сезоната не им се допадна на гледачите и критичарите, особено финалето од серијата.

Сепак, се чини дека Ејч-би-о воопшто не е обесхрабрен од реакцијата.

- Постојат препреки кога станува збор за толку популарна серија. Многу луѓе имаат мислење за тоа како серијата требаше да заврши и какви приказни требаше да им се случат на ликовите - вели Кејси Блуис, шеф на програмата на Ејч-би-о.

Тој рече дека и покрај онлајн-петициите што предлагаа да се пресними осмата сезона, Ејч-би-о воопшто нема таков план, а и не може да замисли некоја друга мрежа да го направи тоа.

Исто така, Блојс негира дека извршните директори на Ејч-би-о се вмешале во серијата.

Како одговор на тоа дали критиките го промениле пристапот на Ејч-би-о во врска со планираната серија, Блојс рече воопшто не.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот