X
 19.01.2017 Наука

Замрзнати тела што ја чекаат науката да ги разбуди

Замрзнат во внатрешноста на термичка вреќа за спиење потопена во течен азот во алуминиумска капсула заедно со уште три зачувани тела во гигантски вакуум, лежи телото на Џејмс Бедфорд.

Бедфорд лежи заедно со 145 други замрзнати луѓе во Фондацијата „Алкор лајф екстеншнс“ во Скотсдејл, Аризона - луксузно предградие на Феникс на работа на пустината Соноран.

Надвор од бетонската зграда, температурите можат да достигнат повеќе од 40 степени и да траат и до 8 месеци од годината. Внатре, Бедфорд и другите луѓе, со доволно финансиска поддршка за да останат замрзнати на неодредено време, се чуваат на 200 степени под нулата.

Бедфорд бил двапати оженет и ветеран од Првата светска војна, и бил професор по психологија. Доколку технологијата би била понапредна, доволно да ги реанимира, тој би прославил 50 години во замрзната состојба. Бедфорд е најстарото криогенско замрзнато човечко суштество на земјата. После него, стотици луѓе се одлучиле да му се придружат поведени од надежта за втор живот во иднина.

Некои од нив се само глави и мозоци, а други како Бедфорд се тела. Во последниот век, науката за криогеника или замрзнување на луѓето за зачувување за подоцнежна реанимација, се соочила со неуспех кога луѓето биле несоодветно замрзнати и започнале да се распаѓаат.

tela
Фото: Alkor

Сепак, во последниве години оваа наука има подобрувања, па така голем број луѓе се одлучуваат за оваа опција. Минатата година, еден млад американски научник даде голема надеж за иднината на оваа наука.

Роберт Мекинтаер, од Институтот за технологија во Масачусетс, за прв пат успешно го одмрзнал и оживеал мозокот на цицач, односно на бел зајак.

Сега и Бедфорд чека ваков чекор - кога во 1991 година „Алкор“ одлучила да го премести неговото тело, компанијата спровела проверка за неговата здравствена состојба. Со проверката заклучиле дека неговото тело е добро развиено и дека станува збор за маж чиј изглед е помлад од 73 години.

Меѓутоа, Боб Нелсон имал помал успех со другите тела што ги замрзнал после Бедфорд.

Кога родителите на млада девојка кои ја замрзнале во 1976 година, побарале да го испитаат нејзиното тело во 1979 година, тие биле шокирани кога откриле дека телото е пред распаѓање. Распаѓањето настанало откако вакуум пумпата во сефот на гробиштата не успеал со што уште девет тела го доживеале истото.

Меѓутоа, компанијата вели дека најголемата криза ја доживеала после смртта на Дора Кент, мајката на еден од нејзините членови на одборот. Таа починала од пневмонија.

Било одлучено да се замрзни само нејзината глава.

Но, кога локален коронер се заинтересирал за случајот и спровел обдукција на телото (без главата), заклучил дека таа починала од природна смрт, а потоа ја променил својата одлука и го обвинил тимот на „Алкор“ за убиство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука