X
 19.01.2019 Живот

Мухика: Луѓето на власт треба да живеат како мнозинството

Во Уругвај има луѓе што го сакаат и луѓе што не го сакаат. Во светот тој беше херој. Најпопуларниот и најсиромашниот претседател на некоја држава. Да го нема Хозе Мухика, би требало да се измисли, велат уругвајските новинари. Тој одамна не е човек, туку симбол.

Затоа во претераното величење на човечноста на Мухика како да забораваме дека тој е и човек. Не е и не може да биде совршен. Мухика со својата харизма не може да ја промени човечката природа. Тој на светот му донесе неверојатна надеж, и тоа е доволно.

Српскиот новинар Виктор Лазиќ поминал неколку дена во Уругвај, на имотот на Мухика, и разговарал со поранешниот револуционер кој носел истуткан џемпер за социјализмот, политиката, светот и неговата иднина.

- Фернандо Парадо, една од попознатите и славни личности на Уругвај, не крие дека не сака да го види Мухика. Вели: Виде ли каква му е куќата, дворот, околината? Колку неуредно изгледа? Сето тоа е хаос и тоа целосен хаос. Е какви што му се куќата и дворот, таква ни беше и државата додека тој беше претседател - вели Лазиќ.

Сепак, тој е еден од најпознатите политичари во светот.

- Веројатно поради моите политички ставови. Јас сум голем републиканец. Убеден сум во тоа дека сите луѓе се еднакви. Измисливме демократија и зборуваме дека тука одлучува мнозинството. Мислам дека луѓето на власт треба да живеат како тоа мнозинство, а не како мал број луѓе - вели Мухика.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот