X
 19.01.2021 Живот

Секој ден имаме најмалку една причина за среќа, велат психолозите Ѓорѓевска и Велевски

Менталното здравје не е само отсуство на болест, тоа поздразбира способност за промена, прилагодување и справување со секојдневниот стрес. Денес, четирите аспекти кои се составен дел од менталното здравје (психолошкиот, биолошкиот, социјалниот и факторите на здравје и болест) се директно засегнати од кризата со коронавирусот.
Психолозите Елена Ѓорѓевска и Огнен Велевски велат дека Ковид-19 не зближи уште повеќе, се грижиме за нашето здравје, а покрај физичкиот аспект, треба да посветиме внимание и на психичкото здравје.
Колку е важно да се грижиме за себе?
-Ако јас се грижам за себе, правам добро и на тие околу мене. Среќата е насекаде околу нас, треба само да ги отвориме очите да погледнеме околу себе и да ја почувствуваме среќата во нас. Секој ден имаме најмалку една причина за среќа или 365 причини цела година да бидеме среќни - велат психолозите.
Тие во рамки на деновите на психологијата подготвија видео „Причини за среќа“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот