Психолозите идентификувале важна особина што ја поседуваат скромните луѓе - нешто што се нарекува „хипо-егоистичко-нeoвластување“.
Тоа едноставни значи дека не верувате дека вашите позитивни квалитети и животни достигнувања ви даваат право на каков било вид посебен третман од другите.
Ова е малку поразлично од тоа да имате склоност да ги минимизирате предностите и вашите достигнувања, што обично се поврзува со скромноста.
Истражувачите Клои Банкер и Марк Лири, кои се психолози од Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, забележуваат дека скромноста е од особен интерес поради нејзините врски со низа пожелни психолошки и интраперсонални исходи. Исто како што прекумерното его може да доведе до различни лични и социјални проблеми.
Фото: Unsplash
Слободната дефиниција и разбирање на скромноста значи дека е тешко да се постигне научен консензус за нејзината основа - што точно е скромноста? Како се мери и дали постои нешто што ги карактеризира сите скромни луѓе?
Во ова истражување истражувачите побарале од 419 луѓе да ги опишат личните карактеристики и достигнувања на кои биле горди, а потоа да ги споредат со она што другите луѓе го постигнале во нивните животи. Исто така, учесниците требало да оценат како мислат дека другите луѓе треба да се однесуваат кон нив, врз основа на она што го направиле во нивните животи и врз основа на тоа какви луѓе се.
На крај, на испитаниците им биле измерени одредени социјални карактеристики, вклучувајќи понизност, самодоверба, нарцизам, личен интерес и психолошко право.
Истражувачите откриле дека луѓето што постигнале високо ниво на скромност не се сметале себеси за различни од другите во однос на тоа колку се важни нивните достигнувања и колку се привлечни нивните особини.
Разликата била во тоа како тие размислувале за специјалниот третман на кој имале право, односно тие не мислеле дека имаат право на каков било третман, без оглед на тоа што направиле во животот.
- Секој што ја проучува скромноста се согласува дека скромните луѓе веројатно се гледаат себеси како просечна личност, така што тие знаат дека се добри во што и да се добри. Главната карактеристика на скромните луѓе е „хипо-егоистичко-нeoвластување“ - вели психологот Лири.
- Тие не мислат дека имаат право да бидат третирани како посебни личности поради нивните достигнувања или позитивните карактеристики - додава тој.
Со други зборови, само затоа што имате седум светски рекорди не значи дека треба да се сметате за поинакви и попосебни од другите, дури и ако овие достигнувања се посебни - токму тоа е суштината на скромноста.
-
Скромните луѓе сфаќаат дека и покрај нивните специјални достигнувања и атрибути, тие се исти како и другите луѓе, со недостатоци, слабости и неуспеси. Значи, тие не очекуваат дополнително внимание, услуги или посебен третман од другите луѓе - вели психологот Лири.