X
 19.02.2019 Живот

Во Ајфеловата кула има таен апартман

Дали знаевте дека има таен апартман на врвот на Ајфеловата кула? Густав Ајфел ова катче го изградил за себе и таму не бил дозволен влез за гости.

Ако треба да одредиме место од каде што би го имале најубавиот поглед во Европа, врвот на Ајфеловата кула би влегол во најтесниот избор. Замислете да се разбудите во удобен апартман со разнобојни ѕидови и големо пијано. Да си пиете еспресо и да си јадете кроасан додека го набљудувате Париз од 305 метри височина. Можеби мислите дека токму на ова мислел Густав Ајфел кога му наредил на својот тим да ја изгради кулата сосе тајниот апартман во 1889 година, но вистината е дека сакал да го искористи овој простор за да ја направи кулата трајна инсталација.


Оригинално, Ајфеловата кула требало да биде привремен објект. Ајфел знаел дека условите за градба наложувале демолирање на кулата во 1909 година, па ги најмил најистакнатите научници во обид да овозможи легитимна научна цел која би го спасила неговото дело од уништување.

По завршувањето на кулата, апартманот служел како лабораторија за атмосферски мерења, астрономски набљудувања и физичарски експерименти. Тој конечно го нашол совршениот соучесник - капетанот Густав Ферие, кој во 1903 година ја користел кулата за експерименти за безжичната телеграфија на француската армија. Од кулата се емитувале безжични сигнали дури до Северна Америка, со што таа станала незаменлива за градот, кој инаку ќе ја урнел по шест години.

Апартманот останал приватен и таму влегувале само одредени гости, на пример, Томас Едисон.

Во 2016 година една компанија претвори еден конференциски простор од кулата во апартман. Не станува збор за истиот простор. Овој е на 57 метри од земјата и има две спални соби и феноменална панорамска глетка. Четворица победници на натпревар престојуваа во тој простор во јули 2016 година, а ние со нетрпение очекуваме да се појави некоја друга ваква шанса.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот