X
 24.09.2020 Живот

Тајната што ја користел Ајнштајн за продуктивно размислување

Некои луѓе сметаат дека времето поминато не правејќи ништо е непродуктивно, но искуството на големите умови и истражувањата го докажуваат спротивното. Алберт Ајнштајн сакал да мечтае и замислувал како сурфа на светлосен бран, и тоа го правел цели 2 часа во текот на денот. За него, бранот бил замрзнат, што на крајот го натерало да ја создаде познатата теорија на релативноста. И Чарлс Дарвин го практикувал овој метод и го користел својот таканаречен „пат на размислување“ за да се нурне во сопствените мисли и да размислува.

Ајнштајн ги измислил таканаречените „експерименти на мислата“

Ајнштајн имал многу мисловни експерименти. На пример, за неговата општа теорија на релативноста тој спровел замислени експерименти кои се состоеле од личност која паѓа од покрив и забрзувачки лифтови. Неговите најпознати теории, кои ја воспоставија основата на модерната физика, биле само дел од неговата имагинација.

Можеме да го следиме примерот на Ајнштајн и да спроведеме експерименти во нашите глави, на пример, замислувајќи ги сите можни опции и резултати од одредена ситуација, запрашувајќи се: „Ако го направам тоа, што ќе се случи?“

Оставете го умот да талка

Обезбедете си време да застанете, да размислите и да анализирате каде сте во животот, да разберете дали сте задоволни со вашите цели и да идентификувате какви се вашите идни планови. Може да ве направи попродуктивни кога сте принудени да се справувате со нестандардни ситуации или да генерирате креативни идеи, вели Фиона Кер од Универзитетот во Аделаида.

размислување
Фото: Freepik

Поставувајте си прашања

За некои луѓе поминувањето 2 часа на „Фејсбук“ се чини нормално, но издвојувањето 2 часа на ден за размислување е премногу. Ако се согласувате со овој поим, ова може да ви помогне. Земете пенкало и тетратка и одговорете си на прашањата: „Кои цели сум ги постигнал?“, „Дали може да го забрзам процесот на постигнување на моите цели?“, „Дали се чувствувам инспирирано?“ или „Каде се гледам во наредните 6 месеци?“

Прошетајте и уживајте во природа

Прошетка во природата е одличен начин за темелно размислување за работите за кои обично немаме време. Според едно истражување, поминувањето време во природа е одлично за нашето ментално здравје и ја зголемува креативноста.

Напишете си писмо


Пишувањето писма е терапевтско. Тоа е одлична алатка за интроспекција, бидејќи имате можност да ги набљудувате сопствените мисли и чувства (и како раскажувач и како слушател), да донесете нови неочигледни заклучоци и да гледате во минатото и во иднината.

Истражување од Универзитетот „Нортвестерн“ покажа дека запишувањето на сопствените мисли за далечната иднина е многу покорисно отколку да не ги запишете. Може да ве поттикне да видите што треба да направите за да ги постигнете целите.

Извор: Bright Side
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот