X
 18.09.2019

Франција ќе им дели таблети со јод на 2,2 милиона луѓе што живеат покрај нуклеарки

Франција бесплатно ќе им дели таблети со јод на 2,2 милиона луѓе што живеат во близина на нуклеарни централи.

Целта е подобро да се заштитат граѓаните во случај на несреќа. Покрај тоа, нуклеарниот регулатор на земјата АСН објави дека безбедносната зона околу АЕЦ се шири.

Досега за потенцијално загрозена се сметаше областа на 10 километри од електроцентралите, а сега се протега на 20 километри од 19. електрани во земјата.

Сите оние што живеат во овие области, како и речиси 200.000 институции, вклучително и училишта, ќе добијат писмо во наредните денови од каде да земаат таблети со јод.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk