X
 19.03.2019 Култура

Eвропски и скандинавски кратки филмови во Скопје и во Гостивар

Најнови европски и скандинавски кратки филмови, анимирани, фикција, документарци од од млади европски режисери од денеска до четврток ќе бидат прикажани во Кинотеката во Скопје. В петок и в сабота проекциите ќе се одржат во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар. Влезот е бесплатен.

Ревијата под наслов „Европанорама 2019“ е конципирана како патувачки филмски фестивал, а ќе опфати проекција на 14 кратки филма.
Фестивалот претходно беше прикажан во Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта, а по прикажувањето во Скопје и во Гостивар продолжува за Минск, Подгорица, Трст и други градови.
Организацијата на фестивалот е на Ljubljana short film festival, Transit Film Bazaar, Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и локални соработници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура