Режисерот Мишел Годри се обидува да ни покаже дека можеме да создаваме паметни работи, како креирање на сериозни филмови со паметните телефони кои ги носиме во нашите џебови.
Годри е режисер и креатор на „Détour“, краток филм кој е снимен со неговиот мобилен телефон “Ајфон 7 плус“. Трае околу 12 минути и ја следи приказната на трициклот кој се вози по француските улици во потрага по својот млад сопственик. Погледнете го, а потоа запрашајте се дали навистина краткиот филм не е снимен со традиционална камера. А, потоа прашајте се зошто и вие не се обидувате да снимате филмови со вашиот телефон.
Филмот се снимал 2 недели, а Годри користел видео софтвер „Filmic Pro“.