„Фејсбук“ нуди 100 милиони долари заем за малите бизниси погодени од пандемијата на коронавирусот, објави главната оперативна директорка Шерил Сандберг.
- Малите бизниси се важни за нашите заедници и многу луѓе што управуваат со овие бизниси се силно погодени од кризата - особено затоа што сè повеќе луѓе разумно остануваат дома. Колку подолго трае кризата, толку е поголем ризикот за малите бизниси и за егзистенцијата на нивните сопственици и вработени - изјави Сандберг.
Заемите имаат цел да им се плаќа на вработени што не можат да доаѓаат на работа и да ги покријат трошоците за изнајмување, како и оперативните трошоци. „Фејсбук“ планира да обезбеди заем за 30.000 мали бизниси во повеќе од 30 земји каде што е корпоративно присутен.
Дополнително на тоа, „Фејсбук“ лансира мрежен центар за деловни ресурси за да им помогне на малите бизниси со фејсбук-алатките со цел да продолжат да ги ангажираат клиентите на платформата.
Фото: Instagram
„Фејсбук“ нуди и бонус од 1.000 американски долари за секој од своите 45.000 вработени. Компанијата планира да му даде на секој вработен висока оцена за првата шестмесечна рецензија во 2020 година, што значи дека сите работници со полно работно време можат да добијат бонуси во овој период. Средната компензација за вработен во „
Фејсбук“ минатата година изнесуваше 228.651 долар.
Бонусот од 1.000 долари е само за вработените со полно работно време што работат од дома. Компанијата им дава договор за работа со полно работно време и целосно ги плаќа за да останат дома.