X
 19.03.2020 Култура

Писмото на една Италијанка стана вирално на „Фејсбук“: Не можеш да бидеш здрав во болен екосистем. Прекини!

Не треба да ја спасиме планетата. Треба да ја спасиме планетата од нас. Ги уништуваме потребните услови за човечкиот живот да продолжи да постои на Земјата. Ова го напиша Италијанката Даринка Монтико на нејзиниот јутјуб-канал под видеото од нејзиното писмо за коронавирусот.

Снимката стана вирална на социјалните мрежи и само на „Фејсбук“ е споделена 120 илјади пати, а ние ви ја пренесуваме во целост содржината на писмото.

„Запри. Едноставно замрзни, запри, не мрдај.
Веќе не е барање. Обврска е.
Јас сум тука да ти помогнам.
Овој суперсоничен ролеркостер нема веќе шини.
Доста! Авиони, бродови, школи, фабрики, трговски центри, собири.
Го нарушуваме активниот тек на обврски и илузии кој те спречи да не гледаш нагоре кон небото, да ги гледаш ѕвездите, да го слушаш морето, да дозволиш да те опколи пеењето на птиците, да се тркалаш по ливадите, да набереш јаболко од дрво, да му се насмееш на суштество во дивината, да дишеш во планините, да го слушаш здравиот разум. Моравме да прекинеме.
Не можеш да го замениш Господ.
Нашата обврска е реципрочна.
Како што секогаш и било, иако ти можеби заборави.
Ќе го прекинеме овој пренос, непрекинатиот какофоничен пренос на поделби и дистракции за да ви ја донесеме оваа вест:
Не сме добро.
Никој од нас. Сите страдаме.
Минатата година пожарите што ги запалија белите дробови на Земјата не те запреа.
Ниту глечерите што се топат
ниту градовите што тонат,
ниту свесноста за тоа дека си одговорен за шестото масовно исчезнување.
Не слушаше.
Тешко е да се слуша кога си толку зафатен, се бориш да се искачиш повисоко и повисоко на скелето од комфор што си го изгради.
Основите паѓаат, се свиткуваат под тежината на твоите нестварни желби.
Ќе ти помогнам.
Ќе ти донесам пожари во твоето тело,
ќе ти ги преплавам белите дробови,
ќе те изолирам како поларна мечка на мраз.
Сега слушаш ли?
Не сме добро.

Јас не сум непријател.
Јас сум само гласник, сојузник, силата што ќе го врати балансот.
Сега мораш да ме слушаш, врескам да те запрам.
Запри, молчи, слушај!



Сега погледни кон небото. Како е? Веќе нема авиони. Колку треба да е чисто за да сакаш да го вдишеш?

Погледни во океанот. Како е? Погледни во реките. Како се? Погледни во земјата. Како е? Погледни се себеси? Како си?

Не можеш да бидеш здрав во болен екосистем. Прекини.
Многумина се плашат сега.
Не демонизирај го твојот страв, не дозволувај да те контролира. Дозволи му да ти зборува, слушни ја неговата мудрост.

Научи се да се смееш со очите.

Ќе ти помогнам

ако слушаш.“

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура