25.03.2020
Здравје
Нови 29 заразени со коронавирус во Македонија – вкупно 177
Регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус во земјата во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот изнесува 177 лица, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
- Скопје – 108
- Дебар (41) – 1 починат
- Куманово (11) – 1 починат
- Штип (7)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)