Израел им дозволи на своите вакцинирани граѓани да се вратат во салите за вежбање, рестораните и концертите. Животот полека се враќа во нормала, а сликите и снимките од млади луѓе што танцуваат во кафулињата го докажуваат тоа.
Попуштањето на мерките во
Израел следува по намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19, а повеќе од 4 милиони луѓе ја примија вакцината на „Фајзер“.
Израелското министерство за здравје размислува и за укинување на носењето маски на отворено.
Израелските официјални лица имаат цел да ги имунизираат сите возрасни, а на своите граѓани кои и понатаму се двоумат и не се вакцинираат, им нудат дури и бесплатни пијалаци и оброци.
На „Твитер“ беше објавена видеоснимка од кафулињата во Тел Авив каде што вакцинираните млади Израелци седат, танцуваат и се забавуваат. Судејќи по коментарите, оваа снимка ги охрабри луѓето од различни делови на светот и им покажа дека за некое време работите ќе се вратат во нормала.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik