X
 19.04.2018 Технологија

Бил Гејтс упати охрабрувачки зборови до Марк Закерберг

Бил Гејтс му упати охрабрувачки зборови на Марк Закерберг, извршниот директор на „Фејсбук“, но истовремено и предупреди дека компанијата мора да ја преземе улогата на пионер во помагањето на откривањето на злоупотребата на податоците и нарушувањето на приватноста на интернет.

gates
Фото: Profimedia


Зборувајќи во емисијата „Тудеј“ на радиото на Би-би-си, коосновачот на „Мајкросфот“ изјавил дека Закерберг реагира најдобро што може во врска со скандалот „Кембриџ аналитика“.

Освен тоа, сведочењето на Закерберг пред американскиот Конгрес минатата недела го опишал како прилично силна „моја вина“ во смисла на работите што можеле да бидат подобри, додавајќи дека направил прилично добра работа додека го испитувале американските законодавци.

Меѓутоа, како што вели Гејтс, „Фејсбук“ мора да покаже дека е подготвен да го преземе водството во решавање на прашањата за заштита на податоците на мрежата. „На ’Фејсбук‘ му гори под нозете во врска со некои од најсовремените проблеми. Како лидер, ’Фејсбук‘ мора да му помогне на светот да го сфати тоа“, додаде Гејтс.

На прашањето каков совет би му дал на Закерберг, Гејтс рече дека Закерберг мора да се фокусира на проблемот. „Тој е човек што гледа на долгорочен план, ќе го намали обемот на работа за да обезбеди корисниците да се чувствуваат добро во врска со ветувањата за приватноста“, вели Гејтс. Тој исто така смета дека постојат можности за поголеми државни интервенции во секторот на технологијата.

„Ќе завршиме со повеќе регулации, нагласувајќи дека подрачјата на кои владите веќе преземаат акции го вклучуваат и говорот на омраза. Прописите би требало да бидат спроведени онака како што е замислено“, изјави Гејтс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија