X
 11.06.2019 Живот

Џеф Безос има неколку совети за сите што сакаат да имаат успешен бизнис

На минатонеделната конференција во Лас Вегас, врз основа на сопственото искуство, Безос ги советуваше сите бизнисмени и претприемачи за што треба да размислуваат ако сакаат да успеат.

Безос рече дека луѓето често го прашуваат да предвиди што ќе се промени во наредната деценија, но прашањето што нема да се промени во наредните 10 години потенцијално може да понуди повреден увид во нештата.

- Одговорот на тоа прашање може да ви овозможи да работите со самодоверба дека целата енергија што ја вложувате денес ќе се исплати и во иднина. Не треба да правите многу истражувања. Овие работи се толку големи и фундаментални, што едноставно ги знаете - вели Безос.

bezos

За „Амазон“, очигледниот одговор е дека корисниците секогаш ќе сакаат ниски цени, брза испорака и голем избор.

- Сигурно дека никој нема да каже: „Џеф, го сакам „Амазон“, само посакувам побавно да трае доставата на производите“. Кога ќе ги идентификувате тие големи идеи што се стабилни со текот на времето, обично тие се корисничките потреби. Откријте како да ги задоволите и израдувате - додава тој.

Тој исто така вели дека претприемачите мораат да бидат страсни за нивниот бизнис или ќе го изгубат бизнисот. Освен тоа, претприемачите мораат да бидат подготвени за ризик.

- Потребно е да ризикувате. Ние во „Амазон“ постојано ризикуваме - вели тој и додава дека ризиците мораат да растат со компанијата, па „Амазон“ постојано повлекува ризични потези макар и да има големи неуспеси. Без неуспех една компанија нема да го има потребното искуство и нема да оствари голем успех.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот