X
 19.04.2018 Образование

Кривична пријава за основките од Неготино кои тепаа соученичка


Трите малолетнички, ученички од Основното училиште „Гоце Делчев“ од Неготино кои тепаа своја соученичка добија кривични пријави за насилство, соопшти денеска МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години, сите три од Неготино, ученички во Основно училиште „Гоце Делчев“ во Неготино поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ“, пишува во дневниот билтен на МВР.



Оттаму информираа дека малолетничките го сториле кривичното дело во два наврата на 11.4.2018 година, при што физички нападнале 14-годишна ученичка од истото училиште и ѝ нанеле телесни повреди.
Во врска со истиот настан е поднесена и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Пријавениот на 11.4.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување SOS, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.

Настанот минатата недела ја вознемири македонската јавност, а снимката од тепањето на ученичката беше објавена на социјалните мрежи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование