Пред сите вашето дете е најдобро на светот, ја прекривате секоја негова грешка, така тоа станува потполно несвесно за своите грешки и секогаш грешките ги бара кај другите.
Вашите деца почитувани родители, дури и не прогледале, а вие им купувате таблети, „ајфон“, различни уреди со екрани на допир, се поради недостаток на време за нив! Не знаете ни какви игри играат, ни какви цртани гледаат, не знаете ни кога излегуваат или кога се враќаат дома, едвај знаете со кого го поминуваат своето време, родителските средби ги прескокнувате, ако детето добие единица, пониска оценка за совладување на материјалот или поради отсуство, би го убиле професорот што укажува со прстот кон вашето дете!
Им се ближи полнолетството, им купувате автомобил, за да бидат фраери во друштвото, не знаете ни во каква состојба возат, за нивните ноќни излегувања, пијанства, трка за дрогирање, сето тоа го оправдувате со онаа стара изрека „Младост лудост!“.
Незадоволни сте со вашата работа, своите животни избори, секогаш ви недостигаат пари, повикувате на бунт во друштвото, нервозни сте, агресивни, вашето дете сето тоа го апсорбира и чувствува, сакате да му обезбедите подобар живот, му пружате се, освен вашата љубов, но си објаснувате себеси дека вашето дете сигурно знае дека го сакате, едноставно немате време да му го кажете тоа! Или сте „загрозена“ класа во општеството, па не стигнувате од работа или сте премногу богати, па имате премногу деловни обврски, за да посветите внимание на своите деца.
Никогаш не сте го однесле на некоја хуманитарна средба, никогаш не сте му зборувале за омилената книга за човечноста, добрината, љубовта спрема луѓето и животот, за омилениот филм, за вашите мали гестови, кои сте ги правеле на оние кои не можеле да ви возвратат, дали воопшто нешто од тоа сте правеле? Дали некогаш сте помогнале на напуштено куче? Дали некогаш сте нахраниле бездомен човек? Дали некогаш вашите предмети сте ги дале на некој кој е бос?
Додека некои луѓе се борат против насилството, вие не знаете дека вашето дете вика и пали знамиња на стадион, го живее својот живот и не се грижи за остатокот од светот. Зошто да се грижи за насилството во општеството, болните деца, напуштените животни? Какви користи ќе има вашето дете од таквите интереси?
Пред сите вашето дете е најдобро на светот, му ја прекривате секоја грешка, така тоа станува сосема несвесно за своите грешки и секогаш бара грешки во другите. Доаѓа ден кога ќе добиете ненадеен повик: вашето дете ќе избега од куќата, никој не знае каде е тоа. Вашето дете удрило пешак! Вашето дете пиело и возел зад воланот и умрело! Вашето дете е наркоман и се предозирало! Вашето дете претепало некого или веќе долго време толерира насилство! Вашето дете убило некого. Вашето дете во моментот скока од мост? Не верувате? Тоа не може да го направи вашето дете?
Зошто?
Зошто сте дозволиле вашето сопствено дете да стане личност која не ја познавате? Поради неурамнотежени вредности и недостаток на воспитување, како и развиени квалитетни способности за расудување на добро и лошо, вашето дете станало тоа што е денес!
Вие и понатаму продолжувате да се прашувате од каде му е на детето нож? Од каде толку голема и се почеста агресија меѓу децата? Продолжувате и понатаму да глумите и да се залажувате себе, па тука се вашите деца да ви ја тргнат маската!
Чест и почит за родителите кои на своите деца не им дале ништо друго освен љубов. На родителите е да се грижат за своите деца, а на државата да обезбеди што посоодветни закони за строго санкционирање на оние кои вршат насилство. Доколку имате лош однос со своите деца, агресивно и проблематично е, овој текст може да ви помогни: доволно е да прочитате.
Пишува:
Ана Тодоров
Save