Престижната награда Оскар е нешто кое го посакува секој работник во филмската индустрија, но понекогаш доволно е и само да се биде номиниран.
Ноќта на Оскарите полека пристигнува, а веќе со недели кружат шпекулации за тоа кој ќе ја освои посакуваната статуетка. Овие луѓе засекогаш ќе останат запишани во филмската историја, а губитниците ќе мораат да се задоволат само со номинациите.
Во секој случај, освен номинациите, кои самите по себе се големо признание, губитниците дома ќе однесат доста богат подарок чијашто вредност се проценува на околу 200.000 долари. Подарокот го направи компанијата „Distinctive Assets“, а содржи „ситници“ меѓу кои и: 10 дневно патување во Израел вредно 55.000 долари, 15 дневна тура во Јапонија вредна 45.000 долари, бесплатно годишно rent a car Audi за 45.000 долари, годишна залиха на креми за кожа Lizor која се проценува дека изнесува 31.000 долар, ласерски третман за затегнување на кожата, вибратор Arouser и операција за подигнување на градите вредна 1.900 долари.
Секако, како и се` останато во Америка, и овде станува збор исклучиво за маркетинг, па сосема е јасно дека компаниите чии производи се нудат во подарокот даваат пари за најголемите светски ѕвезди да ги користат нивните услуги и производи. Целта се номинираните во актерските и режисерските категории, такашто оние кои се борат во категориите на звучни ефекти и краток анимиран филм веројатно ќе добијат само бесплатна чаша шампањско. Звучи како дискриминација, но кога Холивуд бил фер?