X
 19.04.2019 Наука

САД официјално почнаа да користат техника за уредување на ДНК кај луѓе

Во јуни 2016 година американските национални институти за здравство му дадоа дозвола на истражувачки тим од Универзитетот од Пенсилванија да почне со експеримент за користење на CRISPR техниката за уредување на ДНК и кај луѓе.

Сега портпарол на универзитетот потврди дека истражувачите од институтот и официјално почнале да ја применуваат техниката на луѓе, што е прв случај во САД кој може да доведе до помасовно нејзино користење во иднина.

Портпаролот истакна дека тимот досега ја користел техниката за да лекува двајца пациенти што боледувале од рак, едниот имал мултипли миелом, а другиот сарком. Кај двајцата болеста се повторила по стандардното лекување на ракот.

За експериментот, истражувачите отстраниле клетки од имунолошкиот систем на пациентите, ја употребиле CRISPR-техниката за да ги изменат клетките за да може да го таргетираат туморот и потоа ги вратиле клетките во телата на пациентите.

Ова можеби е првиот експеримент во кој CRISPR-техниката се применува кај луѓе кога станува збор за САД, но веќе се работи на неколку други за да се види дали оваа технологија може ефикасно да лекува различни болести и нарушувања.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука