Научници од Универзитетот во Нотингем создадоа спреј за лекување глиобластома, агресивен вид рак на мозокот. Тие тврдат дека ова е првиот пристап со квантна терапија кој покажува дека ракот може да се елиминира со квантна сигнализација, односно со менување на биологијата на клетките на квантно ниво.
Третманот вклучува користење био-наноантени, кои претставуваат златни наночестички обложени со редокс-активни молекули. Истражувачите тврдат дека прскањето на заболените места со овие био-наноантени во електрично поле ја убива глиобластомата.
- Ги нарекуваме „био-наноантени“ бидејќи го претвораат електричното поле во биолошки сигнали, кои потоа ги регулираат функциите на клетките како апоптоза (програмирана клеточна смрт) - вели Френки Росон, еден од авторите на истражувањето.
Новиот метод би можел да биде револуционерен во третманот на овој вид рак, а потенцијално и на други видови рак. За жал, повеќето луѓе на кои им е дијагностициран овој вид рак не живеат подолго од осум месеци по дијагнозата, а само 6,8 отсто од нив живеат подолго од пет години по дијагнозата.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay