X
 18.04.2023 Живот

17-годишно истражување покажа која е најстресната професија на светот

Речиси и да не постои работа која не е стресна понекогаш, а во долгорочна студија научниците открија која работа е најстресна.

Брокер на берза, возач на автобус, воспитувачка во градина, пилот, лекар - овие работни места се на врвот на листата со најстресни работи во светот. Но, најстресната работа на светот е работата на келнер. Барем така тврди истражувањето од Јужниот медицински универзитет во Кина.

Можеби ве изненади бидејќи тоа е работа со помала одговорност отколку на пилотот. Но, ако размислите добро, резултатот од истражувањето се чини убедлив. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното место, а факторот на стрес е исклучително висок.

За возврат, тие не се уважени и како тоа да не е доволно, работата е многу нефлексибилна. Конечно, за разлика од примерот на лекарите, келнерите не се наградуваат со добра плата и признание. Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто посегнување по цигарите и алкохолот кај келнерите. Долгорочната студија траела 17 години и учествувале 136.000 луѓе.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот