X
 19.08.2024 Наука

Нови лекови ја отежнуваат отпорноста на антибиотици за 100 милиони пати

Лесно е за бактериите да се мисли како за едни од најголемите напасти на планетата поради болестите и смртта што ги предизвикуваат, но и поради тоа што постојано ги осуетуваат нашите најдобри антибиотици, еволуирајќи во супербактерии отпорни на лекови. Всушност, бактериите го прават она што отсекогаш го правеле - наоѓаат нови начини да преживеат.

Додека продолжува потрагата по нови антибиотици, сè повеќе се тестираат комбинирани терапии во обид да се сузбијат бактериите одеднаш на повеќе фронтови и да се ограничат шансите микроорганизмите да развијат отпорност со постојани биолошки напади.

Колку тие напади ќе бидат ефикасни во борбата против антибактерискиот отпор, останува предмет на шпекулација, но сепак потребна е витална стратегија за да се осигуриме дека не поттикнуваме дополнителна отпорност на антибиотици со лековите што ги користиме.

Сега тим од САД и Кина пресмета дека нова класа антибиотици со двојно дејство го прави развивањето отпорност од страна на бактериите потешко за 100 милиони пати.

Наречени макролони, овие синтетички соединенија се изведени од постари антибиотици првпат развиени во 50-тите години, на кои бактериите брзо станале отпорни по широката примена. Децении подоцна, во 2010 година макролоните биле развиени со додавање страничен синџир на кинолони во централниот прстен на макролидите за да се подобри нивната потентност.

Тие нови соединенија станаа познати по извонредниот антибактериски профил и способноста да убијат дури и типови бактерии отпорни на лековите, но никој не знаеше кои точно молекуларни карактеристики им ги даваат тие супериорни својства на макролоните.

За да откријат, биолошкиот научник Елена Александров од Универзитетот на Илиноис, Чикаго и колегите синтетизирале три нови макролони и ја анализирале нивната молекуларна структура за да откријат како тие ги блокираат клучните функции на клетките на бактериите. Откриле дека макролоните ги убиваат бактериите на два начина: со попречување на ензим специфичен за бактериите кој ја одмотува и замотува ДНК при размножувањето, или со инхибирање на процесот за производство на клетки на протеин, рибозоми - или со двете.

Убавината на овој антибиотик е што убива преку две различни мети во бактериите. Ако антибиотикот ги погоди двете мети во иста концентрација, тогаш бактеријата губи способност да стане отпорна преку случајни мутации во некоја од двете мети - вели Александар Манкин, сениор автор на новата студија.

Дополнително, макролоните избришале бактерија создадена во лабораторија без да ги активираат познатите гени за отпор и покажале драматично подобрена активност против познатите супербактерии отпорни на лекови, меѓу кои и Streptococcus pneumoniae.

Студијата е објавена во „Нејчр хемикал бајолоџи“.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука