X
 23.06.2020 Живот

Најизолираниот ресторан во светот наскоро ќе биде отворен во Шведска

Добре дојдовте во ресторанот кој е комплетно изолиран од целиот свет. Буквално.

Шведската винарница „Одбрд“, која прави безалкохолни вина, стои зад идејата за поставување маси за јадење на места во природен резерват во близина на Стокхолм, Шведска.

Посетителите имаат можност да резервираат една од шест маси што се наоѓаат на различни локации кои се интересни и прекрасни. Една маса се наоѓа среде шума, друга е покрај езеро, трета се наоѓа на долина итн. Оние што сакаат да бидат сами, да уживаат во природата и да се изолираат од сите дефинитивно ќе сакаат да резервираат.




Сите маси биле дизајнирани од данското дизајнерско дуо „Д Норманс“, а во нивното производство биле искористени рециклирани материјали. Менито е направено од готвачи што работат во ресторанот „Гарба“ во Стокхолм, а со оброците се служат безалкохолните вина на „Одбрд“.

Резервирањето почна на 22 јуни, а „ресторанот“ треба да се отвори на 20 август.

Извор: travelandleisure.com
Фото: Oddbird
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот