X
 19.05.2019 Култура

Поради финалето на „Игра на троновите“, в понеделник може да нема кој да работи

Пред нас е финалето на популарната „Игра на троновите“, а работодавците низ цел свет треба да бидат многу загрижени затоа што голем дел од вработените ќе земат слободен ден.

Ново истражување од Институтот за работна сила во Кронос, спроведено од „Харис Пол“, откри дека последната епизода што ќе се емитува в недела, на 19 мај, ќе предизвика големи конфликти на работното место.

Истражувањето, кое анализирало резултати од 1.090 вработени што учествувале во онлајн-анкетата, заклучило дека „Игра на троновите“ може да биде катастрофална за работните места во понеделник наутро, исто како што ќе биде катастрофална за некои од вашите омилени ликови.

- Околу 27,2 милиони вработени што планираат да ја гледаат серијата во живо признаваат дека или нема да одат на работа или ќе задоцнат или нема да бидат продуктивни, токму поради финалето.

Врз основа на предвидувањата на анкетата, околу 10,7 милиони Американци веќе планираат да земат слободен ден в понеделник, додека 2,9 милиона планираат да задоцнат. Институтот за работна сила вели дека осмата сезона веќе има негативно влијание врз продуктивноста на работното место, а проценуваат дека 4,4 милиони вработени веќе отсуствувале од работа за повторно да гледаат епизоди клучни за серијата.

Ако истражувањето докажува нешто, тоа е дека работодавците би имале поголема корист ако понеделник го прогласат за национален ден на жалост поради „Игра на троновите“ и им дадат слободни дена на своите вработени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура