X
 03.12.2021 Култура

Новиот филм на Стивен Спилберг веќе го прогласуваат за ремек-дело

Адаптацијата на Спилберг на омилениот мјузикл „Приказна од западната страна“ (West Side Story) конечно почна да им се прикажува на гласачите на многубројни доделувања на награди, а во кината ќе пристигне на 25 декември.

Ако се суди според првите реакции, станува збор за ремек-дело, а пофалбите пристигнуваат буквално за сѐ во филмот, од режијата до улогата што ја толкува Рејчел Зеглар, на која ова ѝ е филмско деби.

Премиерата на мјузиклот беше само неколку дена по смртта на Стивен Сондхеим (кој ги напишал стиховите во оригиналната продукција), а најголемите пофалби за филмот стигнаа од самиот композитор, кој го пофали филмот на Спилберг на шоуто на Стивен Колбер во септември.

- Одличен е. Сите одете да го гледате. Ќе се забавувате. А за тие што ја знаат претставата, ги очекуваат некои големи изненадувања - изјави Сондхеим.

Во филмот играат и Ансел Елгорт, Аријана Дебозе и Дејвид Алварез. Во помала улога се појавува и Рита Морено, која во 60-тите доби „Оскар“ за најдобра актерка во оригиналниот бродвејски мјузикл.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура