X
 30.10.2023 Забава

Најдобрите изреки на Метју Пери во серијата „Пријатели“

Актерот Метју Пери почина на 54-годишна возраст. Пери беше најпознат по улогата на Чендлер Бинг во популарната серија „Пријатели“.

Тој имаше само 24 години кога започна снимањето на серијата. Во неа тој беше „смешниот“ пријател, а дури го изговори последниот збор во последната епизода на серијата, кога Рејчел предлага да пијат кафе, а Чендлер на шега ја прашува: „Каде?“, иако очигледно е дека би оделе во познатото кафуле во кое секогаш седеа. Пери ќе остане во нашите спомени по некои од најсмешните реченици во серијата. Во продолжение се некои од најдобрите.

- Здраво, јас сум Чендлер, кажувам шеги кога ми е непријатно.

- Смешен сум, нели? Што знаеш ти, врата си. Тебе ти се допаѓаат само шеги со „чук-чук“.

- Еј Џенис, јас сум. Само сакав однапред да се извинам за тоа што ќе те бркам по улица.

Рејчел: Дечки! Погодете што, погодете што, погодете што?!
Чендлер: Петтиот заболекар попушти и сега сите го препорачуваат „Тридент“?

- Не сум добар со совети. Може ли да ти понудам саркастичен коментар?

- Кажувам повеќе глупави нешта пред 9 часот наутро отколку повеќето луѓе во цел ден.

- Полн сум, но сепак знам дека ако престанам да го јадам ова, ќе зажалам.

Рос: Отидов во местото за потемнување што ми го предложи твојата сопруга.
Чендлер: Дали тоа место беше сонцето?

- Ако бев машко и... дали само што кажав „ако бев машко“?

- Мило ми е што имаме пробна вечера. Ретко ги вежбам моите оброци пред да јадам.


Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава