X
 10.12.2016 Технологија

Знаци кои ќе ви покажат дека читате лажна вест на Фејсбук

Лажните вести стануваат вистински проблем. Можеби мислите дека ќе забележите и ќе знаете ако една вест е лажна, меѓутоа може да им се случи на сите да бидат измамени.

 

фб


Како да откриете дали една вест е лажна или вистинска?

Не верувајте во приказната ако од вас бара да ја споделите уште пред да ја видите


Вистинските веб страни сакаат да ги прочитате нивните приказни. Спам веб страните сакаат само да ги споделувате нивните приказни.

Потпрете се на здравиот разум

Ако звучи лажна, тогаш веројатно е. Да, многу вистински вести оваа година за нас беа неверојатно - меѓутоа, кога ќе застанете и ќе размислите, приказната за жена со три гради е лажна.

Внимавајте на насилство


Насилството се случува насекаде во светот. Но ако гледате насилна снимка од вистински извор на вести, големи се шансите да бидете предупредени, додека лажните страни нема да ве предупредат.

Игнорирајте ги приказните за Фејсбук

Сите приказни за тоа дека Фејсбук ќе започне да наплаќа за негово користење се лажни. Сите. Секогаш.

Немојте да „лајкнувате“ приказни за да спасите нечиј живот


Ова се чести лажни вести кои ги молат корисниците да лајкнат со цел да спасат нечиј детски живот. Всушност, било каков вид на приказна во која ве молат да лајкните треба да биде третирана со сомневање.

Проверете го URL-то

Крајот на линкот може да ги издаде лажните вести. На пример, URL кој завршува со .com.co или .su голема е веројатноста да е лажен.

Барајте официјални извори


Вистинските приказни јасно кажуваат од каде доаѓаат. Без разлика дали тоа е коментар од експерт или политичар, потеклото на приказната е јасна. Лажните вести ова го немаат.

Гледајте наоколу

Постојат многу вести, заедно со новинари кои внимателно следат да не пропуштат некоја вест. Ова значи дека истата вест ќе биде напишана на многу извори. Ако видите неверојатна приказна на Фејсбук која ја нема на некоја добра и препознатлива страна, тогаш веројатно е лажна.

Исто така лажната вест може да нема автор, да има лош веб дизајн и лош јазик кој користи доста хипербола, големи букви и многу извичници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија