X
 20.04.2020 Живот

Во знак на солидарност, швајцарско село проектира знамиња на различни земји на највисоката планина

Наместо да крене знамиња на јарболи, Швајцарија им оддава почит на сите што се борат против Ковид-19 проектирајќи знамиња на различни земји на највисоката планина.

Уметникот Гери Хофштетер што работи со светла бил задолжен да го осветли Матерхорн, врв на Алпите во Цермат, со различни национални знамиња за да покаже солидарност кон земјите што се најтешко погодени од новиот коронавирус.

Од 24 март наваму на врвот Матерхорн се прикажуваат знамињата на Франција, САД, Јапонија, Германија, Индија, Велика Британија, Португалија, Шпанија и многу други.

- Со овој светлечки проект Цермат сака да им даде знак на надеж и солидарност на луѓето во овие тешки времиња - пишува на веб-страницата за туризам на Цермат-Матерхорн.

- Селото покажува солидарност со сите луѓе што во моментот страдаат и им е благодарно на сите оние што помагаат за надминување на кризата - пишува на веб-страницата.

Американците беа особено допрени од гестот.

- САД се земјата што е најмногу погодена од Ковид-19, со најголем број потврдени случаи. Нашата порака нека пренесе солидарност и нека ви даде надеж и сила. Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме во подножјето на Матерхорн. Сите сме во ова.






Извор: Good News Network
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот