Ако сакате да пливате меѓу два континента, Силфра е едно од ретките места на светот кое го овозможува тоа и е вистински доказ дека Земјата продолжува да нè изненадува.
Оваа пукнатина во морето се наоѓа на Исланд и ги разделува евроазиската и северноамериканската тектонска плоча, кои една од друга се одделуваат со брзина од 2 сантиметри годишно и на секои десетина години предизвикуваат потреси.
Фото: Geek
Нуркањето во пукнатината за многу нуркачи е спектакл кој овозможува да допрат два континента, а притоа ладната и кристално чиста сина вода овозможува и спектакуларни глетки бидејќи видливоста е речиси 100 метри во секоја
насока.
Фото: Geek
За кристално чистата вода е заслужен блискиот ледник Лангјекидл. Со сезонското топење на ледот водата минува низ шупливите карпи и притоа дополнително се филтрира. Потребни се неколку децении за водата да стигне до пукнатините.