Министерството за образование и наука им препорачува на училиштата, доделувањето на свидетелствата да го одложат за септември.
Од МОН кратко ни изјавија дека ова се препорачува за да се избегне метеж и близок контакт на учениците поради пандемијата со коронавирусот.
- На оние ученици на кои ќе им биде потребно свидетелство поради префрлување во друго училиште или од дриги причини, потребно е да се јават во службите на училиштата за да им го издадат – велат од МОН.
Оттаму, исто така уште еднаш потенцираат дека училиштата
не смее да наплаќаат за издавање на свидетелства бидејќи тие се бесплатни.