Поради тоа што пандемијата на коронавирусот доведе до затворање на училиштата и работа онлајн, истражувачите се сомневаат дека веројатно ќе го одложи напредокот на учениците за неколку години.
Додека никој нема да ги знае точните долготрајни влијанија, одредени медиуми известуваат дека затворањата на училиштата во минатото поради природни катастрофи или епидемии довеле до помалку дипломирани студенти. И ако историјата е некаков индикатор, најмногу ќе настрадаат сиромашните студенти од не толку напредни заедници.
Богатите ученици кои одат во приватни училишта веројатно ќе имаат целодневни онлајн- часови. Но, тоа не е случај со околу 10 отсто од американските јавни училишта, пишуваат тамошните медиуми. Во меѓувреме, наставниците во непривилегираните области велат дека нивните ученици добиваат само до околу еден час настава дневно.
Дури и настрана од директните пречки за учениците кои губат пристап до физички училници, истражувачите се обидуваат да ги сфатат психолошките влијанија на пандемијата врз учениците принудени да седат дома во текот на формативните периоди од нивното детство.
- Има развојни разлики во однос на тоа како загубата и жалењето влијаат врз децата и како тие го разбираат тоа - вели Џој Ософски, професор на Центарот за здравствени науки при Државниот универзитет во Луизијана.