X
 19.06.2022 Живот

Астронаутката Саманта е ѕвезда на „Тик-ток“ и достигнува милиони прегледи

Таа е првата личност што сними тик-ток видео на Меѓународната вселенска станица. Саманта стана ѕвезда на социјалните мрежи, а нејзините видеа имаат милиони прегледи.

Саманта првпат полета во вселената во 2014 година, помина 199 дена на Меѓународната вселенска станица, а потоа го собори рекордот за најдолга мисија на жена во вселената. Тој рекорд го собори Пеги Вотсон во 2017 година, а потоа и Кристина Коч во 2019 година.

@astrosamantha How do you run in space? Happy #GlobalRunningDay #MissionMinerva #SpaceTok ♬ Run - OneRepublic
Саманта се врати на Меѓународната вселенска станица во април 2022 година и продолжи да споделува авантури од вселената. Едно нејзино видео собра повеќе од 17 милиони прегледи на „Тик-ток“. Во него Саманта покажа како се однесува влажна крпа во бестежинска состојба.

@astrosamantha Happy #WorldBicycleDay! 🚴‍♀️ #MissionMinerva #SpaceTok ♬ Blue Blood - Heinz Kiessling & Various Artists
Саманта моментално е дел од мисијата „Минерва“, именувана по римската божица на мудроста и уметноста, како дел од софистицираната умешност на мажите и жените во светот да овозможат човечки лет во вселената.

@astrosamantha Don’t panic and always carry a towel! 🧖🏽‍♀️#TowelDay #MissionMinerva #SpaceTok ♬ original sound - Samantha Cristoforetti
Извор: ddl.rs
Фото: Screenshot/Tiktok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот