X
 21.05.2022 Економија

Држави што привремено забраниле извоз на прехранбени производи

Индија е последна меѓу државите што се одлучиле привремено да го забранат извозот на храна поради растот на цената на пченицата предизвикан од војната во Украина. Украина и Русија се едни од најголемите извозници на пченица во светот.

Поради војната, загрозено е производството на оваа намирница, но и извозот на она што е произведено. Обединетите нации тврдат дека Русија го блокирала извозот на 22 милиона тони пченица кој се наоѓа во украинските пристаништа. Освен тоа, Украина и Русија се значајни произведувачи на други намирници кои се извезуваат низ светот, како сончогледовото масло.


Фото: Pixabay

Во продолжение се земјите што имаат забрана за извоз на одредени прехранбени намирници.

Индија - до 31 декември 2022;
Аргентина - до 31 декември 2023;
Алжир - до 31 декември 2022;
Египет - до 12 јуни 2022;
Индонезија - до 31 декември 2022;
Иран - до 31 декември 2022;
Казахстан - до 15 јуни 2022;
Турција - до 31 декември 2022;
Украина - до 31 декември 2022;
Русија - до 31 август 2022;
Србија - до 31 декември 2022;
Тунис - до 31 декември 2022;
Кувајт - до 31 декември 2022.

Извор: Capital
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија