X
 16.05.2016 Технологија

Руските изуми кои ги променија светот

Секоја нација има група луѓе кои го посветуваат животот за да донесат нешто ново за човештвото. Русија не се разликува кога станува збор за ова. Оваа земја има многу одлични луѓе кои откриле или измислиле нешто што го користиме секојдневно денес.


Комбајн


Русија била и се` уште е земја во која голем дел од населението се занимава со земјоделие. Поради тоа, потребата од олеснување на тешката работа на полињата резултирала во комбајнот. Во 1868, Андреј Власенко го измислил комбајнот. На почетокот, ова технолошко чудо било направено од дрво и го движеле три коњи, но наскоро Власенко го подобрил со две машини. Но, Власенко не се смета за татко на комбајнот бидејќи неколку децении подоцна, во еден американски весник излегла вест за сосема нов изум изграден во Калифорнија кој бил сличен на овој на Власенко.


Синтетичка гума

Моментално е речиси невозможно да се најде возило кое нема гумени тркала. Синтетичката гума се користи и во медицината, но секој не знае дека таа била измислена од Русин. Сите би требало да му бидеме благодарни на рускиот хемичар Сергеј Лебедев, кој ги направил првите примероци на синтетичка гума во 1910 година.


Видеорекордер

Во 950-те, рускиот имигрант Александар Понијатоф, кој тогаш бил само студент, основал компанија наречена „Ампекс“ во САД. Оваа компанија го променила светот бидејќи го произведувала првиот видеорекордер, кој бил лидер на пазарот повеќе од 50 години. Многу електронски гиганти морале да го користат изумот на Понијатоф за да произведуваат домашна видеоопрема која ја користиме и денес.


Трансформатор

Трансформаторот е изум на двајца Руси - Павел Јаблочков и Иван Усагин. Изненадувачкиот факт е дека овој изум бил создаден во 1870-те години. Меѓутоа, во 1882 година, трансформаторот бил патентиран од страна на француските иноватори Лусиен Голард и Џосаја Вилард Гибс.


Хеликоптер

Во 1910 година, Игор Сикорски го создал прототипот на првиот хеликоптер, а многу години подоцна го подобрил изумот. Но, по Руската револуција во 1917, тој морал да се пресели во САД, каде што основал компанија и во 1939 го дизајнирал првиот модерен хеликоптер. Овој дизајн е основа на секој друг хеликоптер во светот кој го имаме денес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија