X
 19.07.2018 Култура

УКЛО - најнова членка на Универзитетската франкофонска агенција

Со одлука на Управниот одбор на Универзитетската франкофонска агенција од 18 мај 2018 се прифати кандидатурата и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола стана членка на АУФ.

Со ова, најново, меѓународно членство, Универзитетот добива пристап до светската мрежа на универзитети членки, високообразовни и научноистражувачки установи  и франкофонски истражувачи и може да учествува во проекти од АУФ и да добие поддршка во подготовката на проекти. Всушност, студентите, академскиот и истражувачкиот кадар ќе имаат можност да учествуваат на различните повици и конкурси организирани од АУФ, а особено оние што се однесуваат на мобилностите, притоа ќе може да се развиваат нови партнерства и да се користат средствата за комуникација со кои располага АУФ за промоција на УКЛО.

Покрај тоа, на располагање на УКЛО ќе бидат сите алатки и педагошки ресурси што ги фаворизираат ИК-технологиите во наставата и истражувањето, а кои ќе се адаптираат кон регионалните контексти и потреби.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура