Меѓународниот аеродром во Амстердам - „Схипхол“ користи свињи за да го намали пристапот на гуски до пистите.
Вкупно 20 свињи ги јадат остатоците од шеќерна репка на нивите во близина на аеродромот за да го намалат бројот на гуски што сакаат да ги јадат остатоците, пренесува Би-би-си.
Аеродромот е под морското ниво, што ја прави почвата околу него поплодна, а со тоа и попривлечна за птиците што бараат храна. Минатата година на аеродромот биле регистрирани 150 удари од птици во авион.
Покрај свињите, се користи и технологија за плашење на птиците, како звучници и ласери.
Извор:
BBC
Фото: Pixabay