Виетнамската полиција пронајде тигар тежок 240 килограми, кој се наоѓал во железен кафез во камион на тројца шверцери, јавуваат локалните медиуми.
Тигарот е фатен во областа Кванг Нин на северниот дел на земјата. Организаторот на криминалната група, Нгујен Ван Мин (49), признал дека нелегално го купил животното во централен Виетнам.
По апсењето, полицијата влегла во домот на Мин и пронашла два трупа на тигри, 12 черепи и три кожи од тигри.
Во јули годинава виетнамските власти на аеродромот „Ханој“ го открија и најголемиот меѓународен синџир на трговија со рогови од носорог во овој дел од светот.
Виетнам е земја погодна за шверц на диви животни. Од 2000 година низ целата земја 200 тигри биле фатени од ловокрадци.
Извор: МИА