X
 04.08.2023 Култура

Љубовни филмови идеални за гледање во текот на летото

Летните вечери често подобро се поминуваат со добар филм. А особено во текот на летото ги гледаме љубовните, романтичните, чие дејство се случува во текот на летото. Во продолжение се некои од најубавите љубовни филмови кои се совршени за гледање во текот на летото.

„Еден ден“ (One day)

Ен Хатавеј и Џим Старџес играат ликови кои се среќаваат секоја година на 15 јули и во период од 20 години.


„Пред изгрејсонце“ (Before Sunrise)

Режисерот Ричард Линклејтер го потпишува филмот кој ги следи Џеси (Итан Хок) и Селин (Џули Делпи) додека се среќаваат во воз и поминуваат една магична ноќ заедно во Виена.


„До сите момчиња што сум ги сакала претходно“

Лана Кондор и Ноа Сентинео глумат во овој сладок филм за љубовни писма кои неочекувано почнуваат да се појавуваат.


„Пред зајдисонце“ (Before sunset)

Станува збор за продолжение на „Пред изгрејсонце“, кој ги следи Џеси и Селин девет години по првата средба.


„500 денови на летото“ (500 days of summer)

Филмот ја следи необичната љубовна приказна помеѓу Том (Џозеф Гордон-Левит) и Самер (Зои Дешанел) во текот на 500 дена.


„Пред полноќ“ (Before midnight)

Ова е последно продолжение на филмот „Пред изгрејсонце“, во кој Џеси и Селин се во подоцна фаза од нивната врска додека го поминуваат летото во Грција.


„Валкан танц“ (Dirty dancing)

Дејството на филмот се одвива за време на летниот одмор, а Патрик Свејзи и Џенифер Греј танцуваат во незаборавна љубовна приказна.


Извор: Grazia
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура